713
Во изминатите 24 часа пет лица починаа од корона вирус, информираше Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти:
– Скопје 11
– Тетово 10
– Велес 1