438
Дваесетипетгодишно момче вчера пријавило дека од пет лица му бил одземен материјал за Претседателски избори 209 година, пренесува МВР.
„Н.И.(25) од Скопје вчера во 11:40 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 07.04.2019 околу 3:00 часот на улицата „Перо Наков“, од страна на пет лица му бил одземен пропаганден материјал за Претседателски избори 2019, по што Н.И. си заминал. Веднаш по добивањето на пријавата известен е јавен обвинител и преземени се соодветни мерки и активности. Во полициска станица во врска со овој случај е извршен службен разговор со Г.Ѓ.(26) и Б.А.(23). До надлежното Основно јавно обвинителство е поднесено писмено известување“, велат од МВР.