Апелацискиот суд за корупција и организиран криминал на Албанија вчера го осуди поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири на пет години затвор за злоупотреба на службената положба, но ќе помине три години и четири месеци во затвор за скратено судење.
Судот на тој начин ја поддржа одлуката од 2019 година на тогашниот суд за тешки кривични дела, но одлучи Тахири казната да ја одлежи во затвор, а не условно.
На првото судење Тахири беше осуден на 12 години затвор, обвинувајќи го за тешки кривични дела, меѓу кои трговија со дрога во соработка со криминални организации и припадност на криминална група, но Апелациониот суд денеска одлучи да го обвини само за злоупотреба на службената положба.
Поранешниот министер има право на жалба на пресудата до Врховниот суд.
Тахири беше уапсен во ноември 2017 година поради неговите врски со кланот Хабилај, во кој имало и негови роднини.
Неговата прва затворска казна беше изречена една година подоцна од судот во Тирана, но беше заменета со условна, што предизвика бран незадоволство во Албанија.
Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 година до март 2017 година, кога премиерот Еди Рама го разреши од должноста.