85
Пет дена по разорниот земјотрес, жена на околу 90-ти е спасена денеска од урната куќа во малото гратче Сузу во Јапонија, соопшти јапонската полиција.
Таа била извлечена од урнатините на двокатницата околу 20 часот и 20 минути по локално време, била комуникативна и одговарала на прашањата на спасувачите, јавува агенцијата Кјодо.
Спасената повозрасна жена е префрлена на лекување во Општата болница Сузу и се опоравува, соопштија од медицинската установа.
Сузу е еден од крајбрежните градови најтешко погодени од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот јапонски полуостров Ното на Нова година.
Полицијата продолжува со спасувачките напори и покрај дождливото време, наведува јапонската агенција.