Пет активни, под контрола еден пожар

by Fokus

Од вкупно 39 пожари на отворен простор, во моментов активни се пет, еден е под контрола, а изгаснати се 33, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според извештајот на ЦУК, во моментов активни се пожарите кај селата Степанци и местото викано Кадиица на границата меѓу општините Чашка и Долнени, каде што гори мешана шума.

Два од активните пожари се на територија на Студеничани, над селата Црвена Вода и Љубош-Горно Количани каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.

По еден активен пожар има и на територија на Штип и Лозово. Горат нискостеблеста и борова шума.

Под контрола во моментов е пожарот на планината Галичица, каде што, како што соопштија од ЦУК, има чадење во внатрешноста.

Поврзани новости