Песни од Ѓорѓе Балашевиќ се изучуваат во српските основни училишта од пред неколку години, со цел младите генерации да се запознаат со неговата работа, но и да се мотивираат да слушаат квалитетна музика.
Уште во 2019 година во учебникот за шесто одделение се нашла песната ,,Д-Мол”, во учебникот за седмо одделение од 2020 година се изучува песната ,,Девојка са чардаш ногама”, а од оваа година во учебникот за осмо одделение е вметната песната ,,Дрвена песма”.
– Квалитетот мора да се издвои и заслужува да се најде во учебниците, за српските медиуми коментираат професори по музичко образование, треба да се трудиме да ги мотивираме децата да слушаат квалитетна музика. Балашевиќ заслужи место во учебниците, и од некаде мора да се почне. Целта ни беше да им го приближиме Балашевиќ, но и други автори кои го задолжиле нашето општество, на младите генерации, истакнуваат професорите.
Популарниот кантавтор почина на 67-годишна возраст пред три години. Зад себе има 14 албуми, а неговите песни се познати по исклучително добрите стихови и носталгични ноти.
Вики Клинчарова