406
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е во многу сложена позиција и почнува да ги нервира Европа и САД, смета портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Зеленски е во прилично тешка позиција. Тоа е очигледно. Прво, почна да му здосадува. Почна да им здосадува на сите во Америка и Европа. Луѓето почнуваат да се прашуваат на што овој човек ги троши нашите пари. Украина едноставно е оаза за корупција, се разбира, тоа никому не му се допаѓа“, смета Песков.
Според него, незадоволството од Зеленски само ќе расте, а тој тоа го чувствува, поради што почнува да го губи правецот.
„Зеленски го губи патот. Покрај тоа, постои некаква професионална невештина да се работи со него“, рече Песков.