Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека изјавите на претставниците на земјите од НАТО за употреба на западно оружје за напад на цели на руска територија ја провоцира Украина да продолжи со „бесмислена војна“. Земјите кои се членки на НАТО, особено САД, заедно со другите во последните денови и недели, ги подигнуваат тензиите на ново ниво“, изјави Песков пред новинарите, пренесува порталот Медуза.
„Тие на секој можен начин ја провоцираат Украина да ја продолжи оваа бесмислена војна. Тие самите имаат намера да ја продолжат оваа војна против нас – буквално и преносно. Сето ова, се разбира, неизбежно ќе има последици. И на крајот, тоа ќе предизвика голема штета на интересите на оние земји кои одлучија да ги зголемат тензиите.
По новата руска офанзива во регионот Харков, украинските власти побараа дозвола за напад на воени цели во Русија користејќи западно оружје. Неодамна, се повеќе западни политичари бараат тоа да и се овозможи на Украина. Обединетото Кралство и Франција и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел за напад на руска територија
САД се спротивставија на употребата на западно оружје за напади на руска територија, плашејќи се дека тоа може да доведе до директен конфликт со Русија, но Си-Ен-Ен објави дека Бајден и дал дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов да гаѓа само блиски цели на границата во близина на Харков.