Песков за најавата за оставка од Џонсон: Тоа нас не нè засега многу

by Fokus 13:32
13:32

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков прв реагираше на најавата дека британскиот премиер Борис Џонсон се согласил да се повлече од лидер на Конзервативната партија, а подоцна да поднесе оставка и од премиерската функција.

– Тоа нас не нè засега многу. Тој не нè сака, ниту нние го сакаме него, истакна Песков.

Се очекува актуелната шефица на британската дипломатија Лиз Трас, која денеска го откажа патувањето во Индонезија на Самитот на Г-20, да биде кандидатка за лидер на Конзервативците и следствено, нова британска премиерка.

Според британските медиуми, се очекува Џонсон во текот на денот да поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија, а на премиерската функција ќе остане до есен. Конзервативната партија во текот на летото ќе треба да избере нов лидер, кој ќе биде именуван за премиер.

Поврзани новости