Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков ги осуди гафовите на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на НАТО, нарекувајќи ги „неприфатливи“ и нагласи дека целиот свет обрнал внимание на овој инцидент. Песков нагласи дека е неприфатливо еден шеф на држава да зборува со непочитување за друг шеф на држава и дека тоа е нешто на што тие секогаш обрнуваат внимание.
– Апсолутно е неприфатливо еден шеф на држава да зборува со непочитување за друг шеф на држава. Ова е нешто на што секогаш обрнуваме внимание и што е неприфатливо – рече Песков, пренесува РИА Новости.
Песков го коментираше гафовите на Бајден кога го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, нагласувајќи дека ваквото однесување е неприфатливо.
Кремљ претходно го обвини Бајден за „непристојни“ коментари за рускиот претседател, потсетувајќи на изјавите на Бајден во кои тој го нарече Путин „убиец“ и „лудак“.