Песков за апелот на папата: Ги поддржуваме преговорите, но знаеме и за структурите на НАТО во Украина

by Fokus

Русија е отворена за дијалог, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на папата Франциск дека Украина треба да го признае поразот и да седне на преговарачка маса.

„Путин постојано зборуваше за решавање на проблемот со преговори“, потсети Песков и додаде дека ваквите предлози, како и напорите на другите земји, наишле на силно отфрлање од Киев, кој не дозволува преговори.

Киев се обидува да моли за поддршка од земјите кои сакаат да и нанесат стратешки пораз на Руската Федерација, рече Песков.

Сепак, оваа намера на Киев и Западот е голема грешка, а тоа најдобро го докажуваат случувањата на бојното поле, рече Песков.

Руските специјални служби веќе подолго време имаат информации за присуство на структури директно поврзани со НАТО во Украина, изјави портпаролот на Кремљ.

Станува збор за лица кои „се нарекуваат советници“, прецизира Песков и посочи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата.

Тој ги коментираше и обидите на Париз да состави коалиција на земји кои хипотетички се подготвени да испратат војници во Украина, велејќи дека тоа не е ништо друго освен директна ескалација на тензиите.

„Тоа е многу опасна политика и потенцијално може да има несакани последици“, предупреди портпаролот на Кремљ.

Поврзани новости