Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и САД

by Fokus

Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

„Како што знаете, постојат одредени канали за комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и на воена и на дипломатска линија. Но, тоа се прилично технички контакти, каде што не се одвива политички дијалог или дијалог на највисоко ниво“, рече Песков, пренесе ТАСС.

„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржувале индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, односно од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Поврзани новости