461
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков денеска изјави дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во Москва и не исклучува дека ќе стапи во контакт со руските власти.
„Колку што знаеме, тој е во Москва“, одговори Песков на новинарско прашање.
„Не е договорена средба, но не исклучуваме можен контакт“, додаде Песков.
Тој разговараше со новинарите еден ден откако рускиот нафтен гигант Газпром објави дека ќе го намали снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен поток 1“ на само 20 отсто од капацитетот, оправдувајќи го со исклучување на една турбина. Германија го отфрли тоа оправдување.