Портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе посети неколку земји.
Тој го изјави ова на прес-конференција, на новинарско прашање дали претседателот планира да ја посети Кина и додаде дека во тек се подготовки за неколку посети на странски земји.
– Во моментов се подготвуваат неколку посети на претседателот и ќе се остварат средби на високо ниво. Како што ќе се приближат, ќе ве известиме како што обично правиме“, рече тој.
Британската агенција Ројтерс претходно објави дека Путин би можел да ја посети Кина во мај по неговата претседателска инаугурација.
Путин последен пат ја посети Кина во октомври 2023 година, додека кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Русија во март минатата година.