Песков остро за НАТО: Агресивни се, навлегуваат во нашата безбедност!

by Fokus

НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика за приклучување на Украина во НАТО блокот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, алудирајќи на зборовите на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кој рече дека Украина ќе стане членка на таа организација штом можно.

– Имаме работа со агресивен блок кој навлегува во нашата безбедност – рече Песков.

Генералниот секретар на НАТО денеска потврди дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласуваат Украина да се приклучи на блокот, иако сегашната цел е Украина да ја победи Русија.

– Како што реков вчера во Киев, иднината на Украина е во семејството на Алијансата. Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата – рече шефот на НАТО, додавајќи дека главното внимание на НАТО пактот сега е насочено кон обезбедување победа над Русија.

– И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што е започната Специјалната воена операција (СВО), а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката за нејзино започнување била правилна, бидејќи се трудиме да обезбедиме безбедноста на Русија – рече Песков.

Забраната за извоз на речиси сите стоки во Русија, на која, ако им се верува на медиумите, ја разгледуваат земјите од Г7, ќе ја погоди глобалната економија, што може да доведе до зголемување на кризата во светот, – изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно агенцијата Kyodo, повикувајќи се на извори во јапонската влада, објави дека земјите од Г7 размислуваат да забранат извоз на речиси сите стоки во Русија.

А „Блумберг“ објави дека голем број сојузници на Украина, вклучително и САД, размислуваат за воведување на речиси целосна забрана за извоз во Русија, што, додава агенцијата, „е потенцијално значително зголемување на економскиот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин“.

– Во секој случај, и сегашните санкции што ѝ се воведени на нашата земја и новите дополнителни чекори што можеби ги разгледуваат Брисел и Вашингтон, секако ќе влијаат на глобалната економија, што дополнително го зголемува ризикот од светска економска криза – рече Песков.

Поврзани новости