331
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков истакна нема потреба да се брза со изјави по експлозијата во Полска во близина на украинската граница во која загинаа две лица.
„Ваквата непромислена реакција покажува дека никогаш не треба да се брза со проценки и изјави без да се добијат точни информации. Тоа може да ја влоши ситуацијата. Особено во вакви важни моменти“, рече Песков.