Песков: Не планираме да го убиеме Зеленски

by Fokus

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли претпоставките дека руските власти сакаат да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Бета.

– Не, тоа не е вистина, одговори Песков во интервју за францускиот канал ЛЦИ, на прашањето дали руската страна има планови да го убие Зеленски, пренесува Комерсант.

– Тој е претседател на Украина, ние сме заинтересирани тој да се согласи со условите на Русија, за кои детално го извести руската делегација, појасни Песков.

Според неговите зборови, Русија е заинтересирана низ преговори „да стави точка на воената операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак претходно соопшти дека имало над 10 обиди да се убие Зеленски.

Поврзани новости