366
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска му порача на Киев што поскоро да сфати дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин постојат и ќе постојат.
„Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за сегашната Украина и Зеленски. И јасно е дека, во чисто психолошка смисла, Зеленски би сакал да нема ниту Русија ниту Путин, но колку побрзо сфати, толку побрзо украинскиот режим сфаќа дека Русија и Путин постојат и ќе постојат“, рече Песков.