Песков: Британскиот план не доаѓа предвид

by Fokus

Британскиот план за обнова на Украина по војната веќе ја погоди својата прва пречка. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јасно изјави дека секое присуство на силите на НАТО на територијата на Украина е апсолутно неприфатливо за Русија.

„НАТО во Украина? Тоа едноставно не е опција. Таквото сценарио би имало сериозни последици за безбедноста на Русија и е целосно неприфатливо“, нагласи Песков.

Новинарите го прашаа и за вербалниот судир меѓу Зеленски и Трамп.

„Рејтингот на Зеленски паѓа, а Трамп го забележува тоа“, кратко прокоментира тој.

Поврзани новости