Пешевски куртули од притвор, но остана без пасош

by fokus

Апелациониот суд ја одби жалбата на СЈО со која бараше да му се одреди притвор на екс-вицепремиерот Владимир Пешевски, но ја потврди одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, односно одлучи да му се одземе пасошот и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот.

-Првостепениот суд правилно оценил дека во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира
опасноста од бегство, со образложени причини кои овој суд ги прифаќа. Имено, имајќи ги предвид фактите и околностите на кои укажува тужителот, како и околностите  обвинетиот да е со познат идентитет и познато место на живеалиште, како и околностите во поглед на семејните и материјални услови на обвинетиот, односно дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење, има оформено свое потесно семејство, татко е на три деца. Кога се проценува дали постои реална опасност од бегство, судот мора да ги заме предвид сите околности на конкретниот случај. Овој суд, меѓу другите, ја ценеше околноста дека обвинетиот поседува банкарски сметки, но истата не ја цени изолирана од другите околности, како погоренаведените. Оттука, жалбените наводи на тужителот истакнати во овој правец се неосновани, се наведува во образложението на Апелација.

Поврзани новости