440
Во две сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Прилеп и во Кавадарци, еден пешак загинал, а еден е тешко повреден, информираат од МВР.
Според полицијата, непознато лице вчера во 20:30 часот ул. „Трајко Николоски“ во Прилеп управувајќи патничко возило непозната марка и непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот прилепчанецот М.Ј. (39) и го напуштило местото на настанот.
Од лекар од Итна медицинска помош-Прилеп била констатирана смрт кај пешакот М.Ј. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукација.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.