Пешак тешко повреден во Скопје откако го удриле кола и мотор, а возачите побегнале

by Fokus

Вчера е пријавено дека околу 16:30 часот на крстосница од улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. од Кавадарци (36).

Според пријавеното, во пешакот удриле автомобил и мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по несреќата го напуштиле местото, извести МВР.

Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Поврзани новости