Пешак прегазен во Скопје, итно пренесен во болница

by Fokus

Денеска (08.03.2024) во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бутелска“ со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(36) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости