Почина пешак, странски државјанин, откако вчера вечер во него удрил автомобил на патот Битола-Прилеп кај село Долно Српци. Во сообраќајната несреќа повредена е и малолетничка, која била сопатничка во возилото, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 23.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај с.Долно Српци патничко моторно возило “форд“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола, женско лице, удрило во Џ.Ф.(52) од Р.Албанија. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола“, соопшти МВР.