Перу: Забранет влез во Парламентот за невакцинирани пратеници

by fokus

Во Перу, земјата со најголем број на смртни случаи од коронавирус по глава на жител, властите забранија влез на невакцинираните лица во Конгресот. Одлуката е донесена во услови кога се откриени првите случаи на заразене со варијантата омикрон во државата.

Само пратениците и функционерите кои примиле најмалку две дози вакцина ќе смеат да влезат во Парламентот. Во еднодомниот Конгрес не се вакцинирани 16 од 130 пратеници.

Сепак, речиси три четвртини од населението на Перу е веќе целосно вакцинирано против Ковид. Меѓутоа, со појавата на омикрон во земјата, каде што веќе се откриени 12 случаи, се појавија стравувања од нов бран на коронавирус.

Поврзани новости