Владата на Перу прогласи вонредна состојба долж нејзината северна граница со Еквадор, откако бран насилства ја погоди соседната земја.
Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека неодреден број воени трупи ќе бидат распоредени за поддршка на полициските сили како дел од прогласувањето вонредна состојба на границата. Тој додаде дека министрите за одбрана и за внатрешни работи на Перу ќе бидат во близина на границата за да ги координираат операциите.
Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа претходно издаде декрет за класификација на 22 криминални банди како терористички организации, набргу откако вооружени напаѓачи зазедоа ТВ студио за време на пренос во живо, што е најнов пример за ескалација на беззаконието и насилството во земјата.
Откако Фито избега од затвор, избувнаа немири во најмалку шест затвори, при што некои затвореници земаа голем број затворски чувари како заложници и им се заканија дека ќе ги убијат доколку војниците бидат распоредени за да ја вратат контролата врз затворските објекти.
И четворица полицајци беа киднапирани откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба.