Македонија е во друштво на Тринидад и Тобаго, покажува најновиот извештај за перцепција на корупцијата, на „Транспаренси Интернешнл“.
Имено, од вкупно 180 држави, Македонија е рангирана на 76-то место, а на листата до неа се Унгарија, Молдавија, Куба и Буркина Фасо.
Анализата покажува дека Македонија е оценета со 42 поени од можни 100. Напредувала за два поени од минатата година. Сепак тоне во борбата против корупција, бидејки според индексот, секој резултат под 50 поени укажува на сериозни корупциски проблеми.
Од регионот, подобро рангирани во борбата против корупцијата од Македонија, се Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора и Бугарија.
Полошо рангирани се Косово, Албанија, Србија и БиХ.
Данска е на врвот на листата како најнекорумпирана земја, а последен на листата е Јемен.