Перо Камиказа: За биполарната личност и лажната насмевка на Данела Арсовска

by Fokus

Петар Георгиевски-Камиказа, кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка на опозициската Левица на последните локални избори напиша статус на фб, кој  го посвети на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Ќе почнам токму од сликава ,па кај ќе стигнам ќе видиме…Ме поздравува ,застанува до мене, се запознаваме и за неполни две минути ,тргнува нејзината мачна животна приказна.Дека малиот и имал канцер, дека три години воделе беспоштедна битка која за сега, ја добиле со сопругот….

Нo, тоа не беше сe. Додаде дека и она имала сериозни здравствени проблеми, и дека токму затоа е голем подржувач на ова движење за борба на ракот против дојката и дошла да ги поддржи своите страдалнички.

Можете да замислите, јас да не можам да дојдам до збор?!Цели 40-на минути….Признавам, ја доби мојата наклонетост и од тој момент,така речи ме следеше во чекор на настапите по телевизиите, па праваше така речи исто ко мене(видлив пример,на дебатата кога излезе Шилегов во МРТ, па јас тргнав по него, истото го стори и Данела,за да по моето враќање во емисијата и дамата го стори истото!?

Кражбата на програмата за изградба на саем, Луна парк, улицата од Драчево и многу други ги правдаше со тоа дека ете тоа можат да бидат заеднички?! И тоа на дебати, каде зборуваше пред мене, но ден порано откако јас ги образлагав истите….

Доаѓаше кај мене во канцеларија, два три пати и беше на работ на нервен слом од се што слушала како гнасно работел ШИЛЕГОВ, но и какви се барања добивала од Албанците за да гласаат за неа: да продолжат да не плаќаат струја, колку и каде да ги вработи, итд итд….

Пак бев пасивен слушач,како јас да не бев еден од кандитите за Градоначалник!?Ленин со цела логистика и пари сесрдно ја подржуваше и го искористи нашето пријателство за да и помагам колку можам…Се чудев малку ,но за скоро цело време од кампањата неа воопшто не ја допрев како тема!!!!А, имав толку многу да ја прашам…Да не остане недоумица,јас со Ленин и до ден денешен останавме и сме пријатели.

Со Мицковски се сретнав еднаш, и на разговорот се разбира, дојде прашањето, што ако влеземе јас и Данела во втор круг!? Му реков:Патос ќе бришам со неа!!! Мицковски видно се возбуди на овој мој одговор, по кој набрзо го затворивме разговорот!!!

Некои негови медиуми од тој ден  ми ги затворија вратите и ми ги откажаа настапите?!Јас преку герила маркетинг си ги отворив сам по некој ден, но Мицковски веќе беше сигурен дека јас не сум добра „нива“за орање.А, знаете зошто???  Многу од Вмровските членови прашувале за Данела, која е оваа, и зошто да не гласаат за мене, кога веќе ме знаат и ги знаат моите патриотски ставови, а за неа не знаат ама баш ништо!!!???

Истите биле укорувани и и добиле закани дека мораат да гласаат за Данела и точка….Ете ви Данела!!!Утре за вториот круг и зошто Данела била љута на мене ?!Еве ќе ви кажам, ама утре,во продолжениет. За биполрната личност и лажната насмевка и прегратка, исто утре!!!Искрено ваш Петар Георгиевски Камиказа.

Продолжува…

Поврзани новости