790
Лавина од реакции крена одлуката на главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, Атанас Кировски, да им забрани на вработените во овој медиум да коментираат на социјалните мрежи.
Низа критики на сметка на Кировски упати и басистот на култната македонска група Меморија, Петар Георгиевски Камиказа. Тој на својот профил на Фејсбук му порача на Кировски дека со сила и егоизам телевизија не бива.