Перо Камиказа ќе се кандидира за претседател на Македонија

by Fokus

Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек, вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за „Слободна ТВ“.

„На локалите избори за градоначалник на Скопје ме поддржа само една помала политичка партија, истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката“, вели Георгиевски.

Поврзани новости