Перо Антиќ повторно заљубен

by Fokus

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ (41), по врската со моделот Катарина Ивановска, има нова љубов.

Во повеќе медиуми изминатиот период се објавуваа шпекулации околу тоа која е новата избраничка на поранешниот НБА кошаркар, па дури се спомнуваше и името на турбо фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ.

Но, објавата на заедничките фотографии со инфлуенсерката Сања Ристиќ, на кои двајцата не ја кријат својата блискост, дојдоа како потврда дека на македонската јавна сцена има нов пар.

Инаку, Ристиќ, која е позната во јавноста по детската песничка „Ах тој Тоше“ од фестивалот „Златно славејче“, има два сина со ракометарот Дејан Пецаковски, со кого се разведе минатата година.

Антиќ пак, има три сина со Ружица, уредничка на магазинот „Портрет“, а со која по 13 години брак се разведе во 2019 година.

Приватниот живот на поранешниот македонски репрезентативец секогаш бил интересен за јавноста, и покрај тоа што тој во интервјуата избегнува да зборува за личните случувања.

Вики Клинчарова

Поврзани новости