324
Перо Антиќ, екс кошаркарот на белградска Црвена звезда и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, ја поддржа листата на Српската напредна партија на претстојните избори кај северниот сосед.
СНС веста ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х.
– Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска го поддржа списокот `Александар Вучиќ – Србија не смее да запре`. Благодарам легендо – пишуваат од партијата.
Инаку, СНС денеска го достави списокот до Републичката изборна комисија.
Кошаркашка легенда Перо Антић данас је подржао листу “Александар Вучић – Србија не сме да стане”. Хвала, легендо! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 #SrbijaNeSmeDaStane #SNS #Srbija pic.twitter.com/QEzg0Gt9om
— СНС СРБИЈА (@sns_srbija) November 2, 2023