573
Последните податоци покажуваат дека Mакедонија е единствена земја од поранешна Југославија каде има зголемување на стапката на смртност кај децата, истакна претставникот на УНИЦЕФ во земјава Бенџамин Перкс.
– Политичките партии и гласачите во демократската дебата пред изборите на 15 октомври централно место да дадат на состојбата во која се децата. Речиси една третина од нашите деца живеат во сиромаштија, а таа го нарушува нивниот здрав развој. Покрај повеќегодишниот напредок во намалувањето на смртноста кај децата, Македонија има зголемување на стапката на смртност – тврди Перкс.