ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека излажала кога кажала дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш, како што велат, луксуз за оваа влада станале брашното, џигерот и сладоледот.
Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење, реагираат од опозициската партија.
„За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнати теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10% ДДВ за овие производи. Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли стамаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо.
Мизеријата на владата оди до таму што поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека владата изгубила допир со реалноста и дека заборавила како живее мнозинството од народот.