Министерот за локална самоуправа Златко Перински очекува до летово да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа и новите кандидати за градоначалници во ноември годинава да бидат избрани по новото законско решение со кое ќе биде предвидена можноста за референдумско отповикување на градоначалник, воведувањето на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.
„Подготвени сме да преминеме во следната фаза, односно во креирање на предлог измените на Законот за локална самоуправа и веднаш потоа, истите да ги доставиме до парламентот на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии, за да влеземе во фазата на валидизација, односно на усвојување на предлог измените. Убеден сум дека преку еден ваков отворен, транспарентен и инклузивен начин ќе дојдеме до едно многу подобро законско решение од ова коешто сега го имаме“, изјави Перински.