Перински: Не се согласувам дека посетите на општините се почеток на предизборна кампања

by Fokus

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ ја посети oпштина Ѓорче Петров каде остварија средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет.

Како што посочи Перински, караванот „Каде што срцето е дома“ е од исклучителна важност за Министерството за локална самоуправа, бидејќи во рамки на овие средби има можност да разговара директно со креаторите на локалните политики, но, како што рече, и да ги слушне реалните потреби на граѓаните.

– Оваа општина за нас е исклучително важна и специфична, бидејќи покрај урбаниот дел има и рурален дел и навистина е тешко да направите баланс во рамки на инвестициите за да биде напредокот на општината на едно изедначено ниво, а со тоа да го искористите целиот потенцијал која самата општина ви го нуди. Овој караван кој го нарековме `Каде што срцето е дома` е исклучително битен, од една страна имаме можност да разговараме директно со креаторите на локалните политики, како и од друга страна, да ги слушнеме реалните потреби и желби на граѓаните кои што за нас се исклучително важни и на тој начин можеме да донесеме заклучоци или предлог решенија кои ќе ги надминат предизвиците на двете страни – посочи Перински.

Прашан дали ваквите посети на општините значат почетокот на предизборната кампања, Перински рече „основната работа на Министерството за локална самоуправа се локалните самоуправи, тоа е нешто што ние на дневна основа го работиме“.

– Основната работа на Министерството за локална самоуправа се локалните самоуправи, тоа е нешто што ние на дневна основа го работиме. Покрај локалната политика третираме и регионален развој. Затоа споменав во мојата изјава дека Општина Ѓорче Петров е исклучително битна заради тоа што има и урбан и рурален дел. Точно дека некој ова го предвидува како почеток на предизборна кампања, но јас не се согласувам со таа констатација заради тоа што обврска на министерот е да ги посети локалните самоуправи и да го осознае нивното секојдневно работење за да ги подобри состојбите – рече Перински.

Поврзани новости