Перински: Градоначалничке ќе имате доста за објаснување, ЕИБ Ве демантираше

by Fokus

Доцна вечерва се огласи поранешниот директор на Водовод, Златко Перински на социјалните мрежи, каде потенираше дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе имала доста за објаснување, откако ЕИБ ја демантирал.

-Епа градоначалничке ќе имате доста за објаснување.
ЕИБ ја демантира Арсовска и потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е во согласност со правилата и процедурите.
ЕИБ заклучува:
-Од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.
-Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.
-До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин.
-Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, се наведува во Фејсбук објавата на Перински.

Поврзани новости