Перез за Супер лигата: Ако се согласиме со УЕФА, ќе започнеме во август, не можеме да чекаме една година

by Fokus

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и претседателот на потенцијалната Супер лига го најави почетокот на новото натпреварување.

– Преговаравме со УЕФА две или три години. Но, пандемијата создаде ситуација во која не можеме да чекаме. Ако се договориме со УЕФА, ќе започнеме во август. Не можеме да чекаме една година. Постојат многу тимови кои сакаат да играат. Ќе направиме втора лига за нив, рече Перез.

Пред два дена 12 клубови, од Италија, Англија и Шпанија, најавија формирање на ново фудбалско натпреварување, проект на којшто остро се спротивстави Европската фудбалска федерација.

Поврзани новости