Пепиќ: Не ме разделувајте од ќерка ми!

by fokus

Обвинетиот Мунир Пепиќ, кој денеска беше осуден на 15 години затвор, за случајот „27 април“ побара од судот да не биде ставен во притвор, бидејќи како што рече не сака да биде одвоен од неговото семејство.

Тој рече дека е фамилијарен човек и дека семејството му е се.

-Моето најголемо задоволство е да седам дома со мојата ќерка во скутот. Барам да не одам во притвор се до одлуката на Апелација за овој случај, рече Пепиќ.

Да не биде одделен од семејството побара и обвинетиот Оливер Радулов.

-Како фамилијарен човек семејството ми е најважно. Барам да не ме одвојувате од семејството, рече Радулов.

Поради своите семејства да не одат во притвор побараа и останатите обвините. Тие потсетија и дека под гаранција дека нема да бегаат веќе се дадени и нивните куќи, но и куќи на нивни пријатели, кои ниту на крај памет, како што рекоа, нема да ги остават на улица.

По објавата на пресудата  за „Крвавиот четврток“ обвинителката Ивана Трајчева побара притвор за 16 те осудени, а набрзо судијката Добрила Кацарска треба да донесе одлука.

Поврзани новости