Пензионираните лекари се исконтактирани, доколку има потреба ќе се вклучат и студентите по медицина

by fokus

Во борба против корона вирусот ќе се вклучат и пензионираните лекари и студентите по медицина, доколку се јави потреба за тоа. Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека пензионираните лекари веќе биле исконтактирани, а доколку се јави потреба, ќе се вклучат и студентите.

-Јавно признание и благодарност до целиот медицински и здравствен кадар во јавното здравото, но и во приватното. Тука се покажа едно високо ниво на свесност. Тие веќе работат во вонредни услови со посебни протоколи кои значат заштеда на кадар. Веќе се исконтактирани и пензионираните лекари кои можат да помогнат. Доколку се појави потреба ќе се вклучат и студентите по медицина кои можат да помогнат. Вонредната ситуација овозможува да се стават на располање сите капацитети, вклучително и приватното здравство, рече Спасовски.

Поврзани новости