Владимир Рендевски, заменик-министерот за здравство, на собраниската говорница како одговор на пратеничко прашање рече дека не се согласува со практиката неговиот надреден министер предвремено да ги пензионира докторите, иако законски тие можат да работат до 67 години.
„Не се согласувам со постапката на мојот министер и ова го кажувам пред сите членови на Владата. Се јавува здравтввен егзодус и просечната старост е 55-56 години. Овде се обраќам до сите пратеници, сметам дека тој член на толкување, како работи еден работник си го знае самиот директор. Тоа толкување од министерот е неприфатливо.
Во иднина останување или неостанување на здравствен работник да биде по одлука на самиот директор, бидејќи тој знае дали некој здравствен работник може да работи уште или не. Многу се тешко остварливи вработувањата, се бараат дури четири потписи. И до министерот за правда и до сите експерти, повикувам да пронајдеме и поадекватен начин да ги задрќжиме оние на работа и да бараме нови вработувања“, рече поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврохирургија.