Пензионерката Лилјана Тодоровска ќе сведочи на следното рочиште за „Меѓународен сојуз“

by fokus

Со сведочењето на лицата Јованка Кука и пензионерката Лилјана Тодоровска, на 24 март е предвидено да продолжи судењето за случајот ,,Меѓународен сојуз”. Тодоровска е потписничката и идејниот автор на социјалниот проект за европски центар за возрасни на крајот на 2017-та на сметка добила и подигнала 720 илјади евра и плус персонален данок.

Таа во медиумите тврдеше дека 720-те илјади евра и биле земени уште во банка од претставнциите на меѓународниот сојуз на Боки 13 кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На денешното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

потписничката и идејниот автор на социјалниот проект за европски центар за возрасни на крајот на 2017-та на сметка добила и подигнала 720 илјади евра и плус персонален данок.
потписничка на проектот за Европски центар за Меѓународниот сојуз на Боки 13 и веќе притворениот Зоран – Кичеец

Поврзани новости