Пензионерка го пречека премиерот Димитар Ковачевски кој денеска заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, тргна да пазари во скопски маркет.
Таа му се пожали дека има мала пензија, а производите се скапи, и му кажа дека цените на производите се замрзнати откако претходно енормно беа поскапени.
– Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка, рече купувачката.
Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека цените се насекаде зголемени поради војната во Украина.
– Цените ги намаливме со владини одлуки или низ разговори со стопански комори. Таму каде што не можевме да постигнеме џентлменски договор, ги намаливме цените со владина одлука, рече Ковачевски.