Новиот пакет антикризни мерки, што го креираше Владата предвидува 36 милиони евра за финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии.
Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец. Тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари.
Исплатата започнува во декември, со цел зимските месеци да поминат со повеќе пари во семејните буџети.
„СДСМ се грижи за сите пензионери. Со методологијата за усогласување на пензиите од септември 2022 година досега минималната пензија е зголемена за 25 проценти. Минималната пензија порасна од 9.000 на 13.200 денари. Тоа е зголемување од 4.200 денари.
Со новиот пакет антикризни мерки од 662 милиони евра, СДСМ им помага на социјално ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор, како и на компаниите“ велат од СДСМ.