Пензионерите протестираат, бараат поголеми пензии

by Fokus

Денес се одржа протест на пензионерите во Жена парк во Скопје и порачаа дека сакаат поголеми пензии. Според пензионерите, во моментов не земаат доволно високи пензии за да имаат пристоен живот.

„Бараме минималната пензија да биде 25.000 денари. Струјата е поскапена, парното и водата исто така. За храната да не зборувам“ , вели пензионерка.

Во изминатите денови имаше протест на пензионерите и во другите градови. Тие бараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата.

Пензионерите велат дека протестот не е партиски туку од егзистенцијални причини. Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

Фото: МИА

Поврзани новости