903
До крајот на месецов пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје и покрај енергетската и економската криза.
-На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП ‘Скопје‘ кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, рече градоначалничката.
Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот, а за тоа ќе се потрошат 650.000 евра од градскиот буџет.