Пензионерите на протест пред Влада побараа повисоки пензии

by Fokus

Македонските пензионери денеска протестираа. Бараат повисоки пензии. Започнаа со протест пред Амбасадата на САД во главниот град, па потоа продолжија пред Владата.

Главните барања им се линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари и промена на методологијата за покачување на пензиите.

-Од последниот протест до денес нема никакви промени, иако тогаш министерката за труд и социјална политика кажа дека за седум дена ќе даде отчет, односно што направила групата која ја изработува методологијата. Но, пројдоа 27 дена па сè уште нема никаков одговор. Ние пензионерите ништо не добивме, протестираме три месеци градовите и организираме генерални протести во Скопје, но нема резултати. Имавме состаноци и со ЕУ и ги запознавме со нашите барања, кои остануваат исти и од минатиот пат, а би напоменал и дека шестото барање е промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување – изјави денеска претседателот на иницијативниот одбор на пензионерите, Драган Угриновски.

Тој најави дека доколку нема договор со институциите, протестите ќе бидат порадикални.

Просечната пензија во моментов изнесува 19.106 денари.

Поврзани новости