574
Со мирен протест пензионерите го блокираа влезот и излезот на Неготино, барајќи повисоки пензии.
Тие бараат линеарно покачување на пензиите од по 5 илјади денари за сите, а минималната пензија да биде 18 илјади денари. Велат дека бараат подостоинствен живот.
Полицијата е на местото на протестот за да го регулира сообраќајот, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се препуштаат само итни случаи.