425
Минатиот период протестираа во останатите градови, а денеска пензионерите на протест во метрополата – бараат линеарно зголемување на пензиите, но минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.
Според најавите, тие прво ќе протестираат пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.
Пензионери од повеќе градови се пожалија дека Сојузот им ги укинал автобусите со кои требало денеска да допатуваат во Скопје за да учествуваат на протестот.