Пензионерите ќе куртулат од регистрација во УЈП

by fokus

Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП.

Од УЈП велат дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните. Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци.

Инаку со новиот проект на Управата сите граѓани ќе мора да одат лично на шалтерите и да ги однесат претходно отпечатените барања за регистрација што ги добиле по меил. УЈП смируваше дека нема веднаш да има казни за граѓаните кои нема да успеат да се регистрираат, а решението да се изземат пензионерите и вработените без дополнителни приходи го најави и премиерот Заев. Рече дека реформата е со цел да им се олесни, а не отежни постапката на граѓаните.

Поврзани новости